[Видео] Ученици тепаат наставник во Кина

Во вознемирувачката снимка која доаѓа од средно училиште од кинескиот град Анхуи, неколкумина ученици му се нафрлаат на наставник, кој претходно се расправа со еден од учениците. Не е јасно кога настанала снимката, која за неколку часа откако беше објавена на кинеската социјална мрежа Веибо, стана вирална во целиот свет.

Наставникот по англиски јазик, кој според она што се слуша на снимката, се презива Ма, почнува расправија и физичка пресметка со само еден од учениците, кој не сака да го предаде тестот. По ова, петмина ученици го напаѓаат наставникот, кој возвраќа.

Откако видеото го виделе милиони луѓе, директорот на училиштето, Жанг Муијао, е суспендиран, a локалните образовни власти и полицијата го испитуваат случајот.