[Видео] Убавините и живиот свет на Преспа во краток документарец на Франциско Маркез

Прекрасна фотографија и монтажа со музика, бои и жив свет во краткиот документарец на режисерот Франциско Маркез за Преспа, видео портрет за фасцинантното балканско тромеѓе.

„Преспа е мало скриено богатство на Балканот. Меѓуграничен национален парк меѓу Грција, Албанија и Македонија кој поседува невообичаен биодиверзитет и древни човечки населби, сето тоа опкружено со прекрасен пејсаж и планини“, вели Маркез.

Според режисерот, впечатокот што го чувствувате кога првпат ја посетувате Преспа е дека тоа е оддалечено место, осамено, изгубено место на крајот на светот.

PRESPA from Francisco Márquez on Vimeo.