[Видео] Трејлер за новата сезона на „House of Cards“

Новата, трета сезона од политичката драма-серија „House of Cards“ ќе биде достапна за гледачите на мрежата Нетфликс во САД на 27 февруари. Трејлерот за новите продолженија се појави во ист ден кога актерот Kevin Spacey, кој ја игра главната улога на бескрупулозниот политичар Frank Underwood, ја доби првата награда „Златен глобус“ во кариерата, токму за ова остварување.