[Видео] Трејлер за филмот „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски

Скопје Филм Студио го објави трејлерот за дебитантскиот игран филм „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, во копродукција на Икон Студио од Косово.

Во описот на филмот стои дека „Три дена во септември“ е приказна која зборува за сосема различни жени споени од судбината да си помагаат една на друга во расчистување на минатото. Во главните улоги играат Камка Тоциновска и Ирена Ристиќ.

Филмот за првпат ќе биде прикажан утревечер (19 мај), на Канскиот филмски фестивал каде ќе се претстави и Агенцијата за филм на Република Македонија на Филмскиот маркет, во павилјонот на земјите од Југоисточна Европа.