[Видео] Трејлер за биографскиот филм за Тупак, „All Eyes on Me“

На денот на 20-тата годишнина од смртта на Тупак Шакур, објавен е трејлерот за биографскиот филм, „All Eyes on Me“.

Филмот, во кој главната улога ја толкува Димитриус Шип Џуниор, е режиран од Бени Бум, кој досега работел претежно на музички спотови. Во него се раскажани повеќе аспекти од животот на Шакур, од неговото детство до подемот на хип хоп сцената и Холивуд. Ја разработува и неговата поврзаност со партијата Black panther, како и врската со неговата мајка Афени, која почина во мај годинава.

Во филмот глумат и Данаи Гурира, во улогата на Афени Шакур, Доминик Л. Сантана како Суџ Најт и Стефон Вашингтон како Паф Деди. Својата улога како Notorious B.I.G од филмот Notorious од 2009 година ќе ја репризира актерот Џамал Вулард.