[Видео] Трагикомични приказни за врската помеѓу човекот и природата

Во изминативе две години, унгарската аниматорка Réka Bucsi го претставуваше нејзиниот најнов анимиран краток филм насловен „Symphony no. 42“ на бројни фестивали, а од неодамна тој е достапен и на интернет. Краткиот филм за само неколку дена привлече внимание поради тематиката што ја обработува, односно ја отсликува врската помеѓу природата и човекот, но користејќи црн хумор. Краткиот анимиран филм е составен од 47 различни приказни, раскажани во 8-минутното видео.