[Видео] TiiiT!Inc: Четири скопјанки и општествено ангажирана музика

[Видео] TiiiT!Inc: Четири скопјанки и општествено ангажирана музикаЧетири девојки и општествено ангажирана музика – TiiiT!Inc. е мало пламенче возбуда што го делат овие скопјанки кои како што велат, сакаат да се радуваат во овој град.

„А како приликите за тоа стануваат се поретки и круговите се повеќе се затвораат, решивме да земеме воздух и да почнеме ентузијастички и „на мускули“ да правиме нешто што ќе не ангажира, ќе не држи еуфорични и ќе ни донесе чувство дека успеваме да направиме нешто во што и другите уживаат… зашто радоста е обврска“, велат од групата.

Во текот на време на пробата во МКЦ каде што се подготвуваат за  настапот на Бела ноќ, за музиката, диктатурата и уметноста, Радио МОФ разговараше со Кристина Леловац и Јана Коцева.