[Видео] The Prodigy ја објави насловната песна од претстојниот албум

Британскиот електронски бенд The Prodigy објави уште еден сингл од претстојниот албум „The Day Is My Enemy“, кој излегува на 30 март. Насловната нумера е уште една најава за новото издание која открива дека звукот на групата и натаму ќе се движи во нејзиниот карактеристичен стил, кој ја вивна меѓу легендите на електронската музика.