Некои луѓе спомените од патувањата ги зачувуваат преку бројни фотографии или водење дневник, но ваквата „традиција“ се чини не била доволно интересна за британскиот студент Џејк Гејб.
Своето патување во Кина тој го овековечил со видео во 100 дена каде тој танцува на различни локации. Гејб заминал за Кина со цел да го научи мандаринскиот јазик, но патувањето го искористил и за танцување од Пекинг до Ченгдуа. Каде и да поминувал, студентот облечен во шарени кратки панталони и чувство за ритам, успевал да го привлече вниманието на присутните.