[Видео] Танц, прегратка и бакнеж на скелети – љубовта нема етикета

Кампањата „The Love Has No Labels“ или „Љубовта нема етикети“ ги предизвикува луѓето да ги отворат очите пред сопствените предрасуди и да работат на тоа да ги спречат кај себе, кај пријателите, семејствата, колегите. Погледнете го видеото кое во последните 24 часа изнуди насмевки кај 1,5 милион лица низ светот.

„Иако поголемиот дел од Американците за себе веруваат дека се непристрасни, многумина од нас ненамерно даваат брзи судови за луѓето врз основа на она што го гледаме, без разлика дали тоа е раса, возраст, пол, религија, сексуална определба или различност. Ова може да биде причина зошто многу луѓе во САД се чувствуваат дискриминирани. Потсвесните предрасуди наречени “имплицитна пристрасност” имаат длабоко влијание за тоа како ние ги гледаме или комуницирате со другите кои се различни од нас. Тоа може да влијае на способноста на лицето да најде работа, земе кредит, изнајми стан, или да добие фер судење, со што се засилуваат разликите во американското општество“, се вели во описот на видеото кое е дел од кампањата.