[Видео] T.E.E.D. и Artwork настапуваат 500 метри под глечер на фестивал на Исланд

Еден од најинтересните светски музички фестивали, исландскиот „Secret Solstice“ и годинава понуди невообичаени, уникатни локации за забава. Како дел од тридневниот настан, за време на кој сонцето никогаш не заоѓа, беше одржана и несекојдневна журка со T.E.E.D. (Totally Enormous Extinct Dinosaurs) и Artwork, кои настапија на 500 метри под површината на вториот по големина глечер во Европа.

Диско и хаус звуците одѕвонуваа на веројатно најчудната локација за журка во историјата на овие музички правцки. Погледнете ја атмосферата на оваа единствена журка: