[Видео] Светот ја дочека Новата 2015-та година

Огномети, насмеани лица и забава, светот ја дочека и Новата 2015 година. Со различни прослави низ светот, луѓето радосно го поздравија почетокот на 2015 година. Повеќе од еден милион луѓе се собраа на пристаништето во Сиднеј во Австралија за да го видат спектакуларниот огнометот, стотици илјади пак следеа го следеа најголемиот огномет во светот на највисоката зграда на планетата, Бурџ Калифа во Дубаи . Новата година во Европа први ја дочекаа жителите на Москва, два часа пред средноевропските градови, кога на полноќ небото над Црвениот плоштад огнометот го обои во црвено-бела боја . Во Бразил пак околу два милиони луѓе со звукот на самбата ја дочекаа 2015 година на познатата плажа Копакабана во Рио де Жанеиро.

Годинава новогодишното славење го наруши трагичен инцидент во Шангај каде најмалку 35 лица загинаа во стампедо на неколку минути пред полноќ, а десетици други се повредени. Во центарот на Хонг Конг пак се собраа илјадници луѓе да го видат пиротехничкото шоу во близина на заливот, неколку недели откако официјалните лица ги урнаа шаторите на продемократските демонстранти.

Погледнете ги видеата со прославите на Нова година низ светот:

Дубаи

Лондон

Хонг Конг

Париз

Сиднеј

Москва

Спектакуларни огномети низ светот