[Видео] Студентски пленум испрати апел на повеќе јазици

Студентски пленум објави видео на својата Фејсбук страница во кое на повеќе јазици се апелира за лошите реформи во образованието. Студентите во видеото го објаснуваат проблемот со владините реформи и како би се загрозила автономијата на универзитетот со воведувањето на државниот испит во високото образование.

Воедно, студентите побараа поддршка за протестот што ќе се одржи денеска пред Влада во 14 часот.