[Видео] Студентите си подаваат шлемови за да преживеат во „Гоце“

Со цел да ја прикажат лошата состојба во која се наоѓаат студентите сместени во студентскиот дом „Гоце Делчев“, Студентски пленум објави видео во кое ги прикажува мизерните услови во домот.

„Наместо да се ракуваат кога ќе се сретнат, студентите сега си подаваат шлемови за да се заштитат и преживеат“, стои во објавата на Пленумот.

Видеото е објавено неколку часа пред настанот „Ние не чекаме избори…заокружи Гоце“, кој ќе се одржи во паркот зад салата „Форца“ со почеток во 20:00 часот. Нa нaстaнoт ќе имa прoекцијa нa oтвoренo нa филмoт „Зелени ѕидoви, црнa хрaнa” режирaн oд Сaндрa Ѓoрѓиевскa, по што ќе следи дискусијa со архитектот на домот Георги Константиновски.