[Видео]Студенти од Оксфорд пеат и „мешаат“ како Шакира, за хуманитарни цели

Машкиот хор на студентите од Oксфорд стана мошне популарен на интернет откако го објави видеото со изведбата на песната од Шакира, „Hips Don’t Lie“.

оксфорд

„Out of the Blue“, акапела групата составена од студенти и дипломци од Оксфорд направи посебна верзија на хитот во која 15 машки студенти вртат со колковите и играат како позната пејачка. Видеото стана популарно откако и самата Шакира го објави на својот твитер профил, а за неколку дена има повеќе од 800 илјади прегледи.

Joshua Barr, студент и баритон, кој е претседател на групата од 2012 година, вели дека воопшто не биле загрижени дека ќе изгледаат глупаво.

„ Група од мажи кои мешаат со своите колкови како Шакира, не е нешто што повеќето луѓе очекуваат да го видат. Мислам дека затоа (видеото) е толку популарно“, смета тој.

Како што објаснуваат студентите, песната е снимена хуманитарни цели, а сите донации ќе бидат дадени  за домот „Helen and Douglas House“.

„Затоа колку повеќе прегледи има, толку е подобро“, додава Barr.

Извор: Guardian