Благодарение на „Voyager“, платформата за раскажување на Google Earth, убавините на Алјаска стануваат достапни од секој компјутер.
„Voyager“, кој ги става на едно место сите туристички тури со водичи на мапата на Google, ќе започне да пренесува и стрим во живо, кој почнува со видеото од Националниот парк Катмаи во Алјаска. Во „Voyager“ има пет камери во живо за луѓето да можат полесно да истражуваат низ паркот, се наведува во соопштението на Google.
За овој проект тие соработуваат со „Explore.org“, мултимедијална организација која хостира неколку стримови во живо од повеќе резервати. За да пристапат до стримот, корисниците едноставно треба да ја отворат апликацијата Google Earth и да го изберат стримот од менито на екранот. Оттаму едноставно треба да се одбере „Voyager“.