[Видео] „Стоп за загадувачите“: граѓаните ја блокираа Железара

[Видео] Граѓаните ја блокираа Железара:

фото: Анела Ставревска Панајотова

Неколку стотици граѓани, членови и поддржувачи на иницијативата „Стоп за фабриката Железара“ попладнево го блокираа главниот влез во скопската фабрика, во знак на протест поради енормното загадување кое го загрозува здравјето на жителите на блиските населби, но и на сите во Скопје. Граѓаните на протестот побараа државата да ги натера Макстил и Југохром да престанат да загадуваат, а доколку не успее и загадувањето продолжи, да ги затвори двете фабрики. Граѓаните се оградуваат од сите политички влијанија и велат дека мотив за протестот е исклучиво грижата за нивното и за здравјето на нивните деца. Еве дел од изјавите на граѓаните дадени на протестот кои ги пренесува ТВ Канал 5: