[Видео] Срамота! – приказни кои срамот го претвораат во пркос

Мирјана Најчевска, Срѓан Јаниќијевиќ, Јасмина Никуљска, Никола Ристевски – Шиндре, Сашко Коцев и Ана Мартиноска беа шесте раскажувачи кои со публиката во Кино Култура ги споделија своите квир приказни, како начин со кој срамот се трансформира во пркос и смеа.

Нивните приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам, кој ја обележал нивната општествена ненормативност, беа дел од „Срамота!“, промо настанот за престојниот Викенд на гордоста во Скопје.

Дискусијата ја модерираа Румена Бужаровска и Ана Василева, а видеото од целиот настан можете да го погледнете во продолжение:

„Оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесени во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат морална родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат“, велат организаторите.

Овогодишниот Викенд на гордоста, кој ќе се одвива од 22 до 25 јуни, е во организација на Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници”, ЛГБТИ – Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет и ЛГБТ Јунајтед – Тетово.