[Видео] Спектакуларна изведба на музиката од „Том и Џери“

[Видео] Спектакуларна изведба на музиката од „Том и Џери“

Музиката од „Том и Џери“ буди носталгични чувства кај генерации луѓе кои израснаа со блескавата цртана серија, наградена со седум „оскари“ (еден за музиката на композиторот Scott Bradley). Оркестарот на John Wilson, на минатогодишен концерт, дел од манифестацијата „BBC Proms“ изведе специјално дело составено од најпознатите парчиња музика од „Том и Џери“. Изведбата е во најмала рака спектакуларна, а извонредниот оркестар ги изведува сите звуци во живо, вклучувајќи ги и истрелите од пиштол и кршењето чинии.