[Видео] Советник од Поинаку по костум се спушти од Пелистер барајќи да заживее детското одморалиште

Спуштајќи се по костум на Пелистер, советникот Иван Чулакоски во име на битолската независна листа Поинаку побара Детското одморалиште „Пелистер“ да биде отстапено на користење на Општина Битола.

„Да ги вратиме децата на Пелистер, на зимување, летување, настава во природа, екскурзии, семинари, излети“, апелираат тие.

Чулакоски трета година по ред се спушта по костум од врвот на Баба планина со една цел – Пелистер да прерасне во врвен туристички центар.

Од Поинаку ја доставиле иницијативата до Владата. Оттаму најавуваат дека на следната седница на Советот на Општина Битола, која ќе се одржи на 15 март, ќе се расправа за оваа точка на дневен ред.

Но, како што велат, бидејќи се работи за објект со огромно значење кој долг период е затворен и оставен да пропаѓа, очекуваат поддршка од своите колеги советници.