[Видео] Сотировски: Политичарите заборавија дека треба да инвестираат во наука

Во Македонија цела деценија не се вложува во наука и истражувачки проекти, укажува деканот на Шумарскиот факултет во Скопје, проф. д-р Кирил Сотировски.

Во видео влогот на РесПублика, тој дава споредба со Словенија каде годинава се инвестира во 150 средни или мали научно истражувачки проекти од 50.000-100.000 евра. За нашите политичари и економисти, тоа е трошок, а не инвестиција во општеството, вели професорот Сотировски.