[Видео] „Солар импулс 2“ го заврши летот преку Атлантикот и слета во Севилја

Авион на соларен погон „Солар импулс 2“ утрово слета во Шпанија, со што по три дена лет го заврши патот преку Атлантикот од САД до Европа. Со слетувањето во Севилја, Шпанија, заврши 15-тата фаза од рутата на авионот.

„Солар импулс 2“, кој полета од меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, постигна рекордно растојане како летало на соларен погон.

Авионот, кој има распон на крилата од Боинг 747, е покриен со 17 000 фотоволтаични ќелии за да ги прима сончевите зраци.

Тој слета на меѓународниот аеродром Џ.Ф. Кенеди во Њујорк на 11 јуни, по пет часа летање над Пенсилванија. Првпат полета на 9 март во 2015 година во Абу Даби, и ги прелета Азија, Пацификот, за да се врати во САД.