[Видео] Со спотот за „The Nihilist“, Кристијан Волчев го најавува својот деби албум „Synesthesia“

„The Nihilist“ e најновиот видео спот на музичарот Кристијан Волчев, а воедно и негова прва авторска композиција. Неговиот деби албум „Synesthesia“, ќе биде издаден кон крајот на февруари, по што е планиран и концерт.

„Песната е резултат на години и години собирање идеи и имплементација на различни техники во мојот стил на свирење. Перкусивната ритмичка шема е инспирирана од хеви – метал стилот и звуците на тапани кои се окарактеризуваат во тематско темни мелодии. „The Nihilist“ е инспирирана од моето искуство додека ја барам смислата на нашето постоење во физичкиот универзум“ – пишува Волчев на својата композиција.

Нихилизам е отфрлањето на сите морални принципи и верување дека животот е бесмислен.

На албумот, освен авторски композиции, се наоѓаат и два реаражмана на песните „Јованко, Јованке“ и „Со маки сум се родила“, кои може да ги слушнете на неговиот канал на Јутјуб.

Песната „The Nihilist“ е компонирана и изведена од Волчев, а продукцијата е на Брет Калбас.