[Видео] Со „Ротатор“ бендот „RIB“ најави нов албум

„Ротатор“ е името на новата песна на македонскиот бенд „RIB“. Таа претставува соработка со британскиот пејач Дејвид Бест, член на групата „Fujiya & Miyagi“.

Песната е предвесник на нивниот нов албум, чија промоција ќе се одржи на 26 јануари во Младинскиот културен центар.

Во составот на „RIB“ се Јане Трајковски на гитара, Ивица Димитријевиќ на гитара и бас, а на тапани е Џано Куч.