[Видео] Со помош на „селфи“ до редефинирање на убавината кај тинејџерките

Краткиот филм на Dove кој истражува како социјалните медиуми го обликуваат начинoт на кој се перцепира убавината кај младите,  го имаше своето деби на последниот Sundance Film Festival.

[Видео] Со помош на „селфи“ до редефинирање на убавината

Седумминутниот филм насловен Selfie следи неколку групи тинејџерки заедно со нивните мајки, а од нив се бара да направат фотографии од себе си кои ја истакнуваат нивната несигурност во однос на сопствениот изглед. „Експериментот“ покажа дека честопати она што самите тинејџерки го гледаат како проблем, е нешто што на останатите пак навистина им се допаѓа.

Како повод за Selfie е истражувањето на Dove кое покажа дека 63% од жените веруваат дека социјалните медиуми денес влијаат многу посилно врз дефиницијата за убавината во споредба со печатените медиуми, гилмот и музиката.

Филмот кој е направен во режија на Cynthia Wade, а како продуцент се јавува Sharon Liese, има за цел да ги охрабри жените да ја редефинираат традиционалната перцепција за убавината и таа која се прикажува во списанијата и филмовите.

Во продолжение погледнете го целиот филм:

Извор: Mashable