[Видео] Со панк против расизмот – тинејџерки станаа вирални со нивната песна

Mинатата недела, тинејџерскиот бенд „The Linda Lindas“ ги освои интернет симпатиите по нивниот настап среде јавната библиотека во Лос Анџелес.

„Расистичко, сексистичко момче“ – е песната која ја напишаа и изведува четири тинејџерки-панкерки, револтирани од расизмот кон азиските луѓе и мизогинијата.

Откако видеото од нивната изведба стана вирално, тие веднаш добија договор од музичката продуцентска куќа „Епитаф Рекордс“.

Квартетот, чии членови (Бела, Елоиз, Лусија и Мила) се на возраст од 10 до 16 години, постои од 2018 година. Бендот е менториран од Карен О од групата „Yeah Yeah Yeahs“.