Видео со насилство врз девојка кружи на социјалните мрежи, МВР го расветлува случајот

Видео во кое двајца насилници тепаат девојка, од утрово почна да кружи по социјалните мрежи. На видеото се гледа како еден од насилниците држи во рака нешто што наликува на тест за бременост и ја шутира девојката, додека другиот ја снима целата случка.

Според коментарите на социјалните мрежи, двајцата насилници се од Штип. Лицата се веќе приведени, соопшти заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петреска.

„На социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување“, извести Петреска.

Реагираше и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Радио МОФ утрово побара податоци за случајот од МВР. Оттаму телефонски изјавија дека се работи на негово расветлување.

Ивана Смилевска