[Видео] Со мурал најавено третото алтернативно културно лето во Охрид на иницијативата „5 до 12“

Културолошката иницијатива „5 до 12“ од Охрид пред два дена со мурал на ѕидот на библиотеката „Григор Прличев“ го најави третото издание на алтернативното културно лето.

На муралот, како што информираат се насликани настаните кои иницијативата ги организира во летниот период.

„Нашата организација продолжува да иницира артистички уредувања на ѕидни површини, кои премалку ги има во Охрид.
Воочуваме дека има голем број млади кои, и тоа како, се заинтересирани за учествување на вакви уметнички активности“, стои во нивната објава на Фејсбук.

Во меѓувреме пак, во текот на вчерашниот ден, тие ја објавија и агендата за овогодишниот настан.

Па така, во периодот од 7 јули до 26 август се најавуваат најразлични настани како летно кино со автомобили, поетска вечер, театарска претстава, едриличарска регата, староградска пловидба и слично.