[Видео] Со морничав трејлер Игра на Троновите го објави датумот на емитување на последната сезона

Долго очекуваната последна сезона на серијата Игра на Тронови ќе ја има својата премиера на 14 април, потврдија од ХБО. Најавата се наоѓа на крајот на новиот таинствена и морничав трејлер на режисерот Дејвид Нутер.

Во видеото Џон Сноу, Санса и Арја Старк чекорат во подземната гробница на домот на нивните предци во Винтерфел. Откако поминуваат низ статуи на починатите членови на династијата Старк, тие најпосле доаѓаат до сопствени статуи, што може да се разбере како нивна смрт во серијата. Трејлерот завршува со сцена во која гробницата се исполнува со ледена магла, сугерирајќи доаѓање на главните антагонисти во серијата – Белите Талкачи (White Walkers).

Адаптирана од романите на Џорџ РР Мартин, Игра на Троновите се покажа како убедливо најголем успех според рејтинзите на ХБО, освојувајќи голем број награди и присвојувајќи огромна меѓународна публика по почетокот на емитувањето во 2011 година. Нема многу детали околу новата 8-ма сезона, која ќе биде и последна, меѓутоа потврдено е дека таа ќе биде сочинета од шест епизоди кои ќе бидат подолги од досегашните.

Меѓу работите кои се знаат за последната сезона е и тоа дека во една од епизодите публиката ќе може да види една од најголемите акциони секвенци досега изработени за телевизија или филм.