[Видео] Со камера ги снима несовесните возачи и пешаци низ Скопје

На Јутјуб каналот „Мото влог Скопје“ низ неколку видеа се прикажани секојдневните лоши искуства од скопскиот сообраќај, кои се случуваат поради непочитување на сообраќајните прописи и правила. Како што стои во описот на каналот, целта на видеата се да ја подигнат јавната свест и да ја прикаже сериозноста од непочитувањето на правилата. Со скромна монтажа, но со силна порака, овој Јутјуб канал полека добива гледачи и позитивни коментари.

„Зошто да не гледаме што се случува по нашите улици? Зошто да не отвораме некои теми за разговор?“, се вели во описот на каналот.