[Видео] Сноуден објаснува како технологијата ќе го направи светот подобар

На почетокот на јуни, холивудската ѕвезда Џозеф Гордон-Левит најави дека ќе соработува со „озлогласениот“ свиркач Едвард Сноуден за нов видео проект, во кој ќе ја објаснат улогата на технологијата во обликувањето на демократијата денес.

Сноуден и Левит штотуку го завршиле својот проект, а видеото е достапно на интернет.


Во краткиот видео клип, Сноуден дискутира за голем број начини на кои технологијата влијае на моменталната состојба на демократијата – и негативни и позитивни.

Иако свиркачот смета дека е голем проблем што технологијата се користи за нерестриктивно масовно шпионирање и ширење на страв, се уште верува дека технологијата може потенцијално да го промени светот на подобро и да ни понуди повеќе слобода.