[Видео] „Смоговски патувања“ – краток филм за загадувањето во Кина

Источноазискиот оддел на организацијата Гринпис го објави седумминутниот филм на режисерот Џиа Жангке, во кој се зборува за загадениот воздух во Кина. Филмот следи две семејства, едно урбано и едно рурално, низ нивниот живот, игра и работа во критично загадениот североисточен дел од земјата.

„Кога станува збор за смогот, без разлика каква работа работиме, тоа е проблем со кој сите се соочуваме“, вели режисерот. Џиа е еден од најпознатите кинески режисери, познат по користењето морничави, мрачни сцени во нијанси на кафена и сива боја. Неговиот последен филм, „Допир на гревот“ постигна голем успех надвор од Кина, но властите го оценија како премногу политички чувствителен за да се прикажува во домашните киносали.