[Видео] „Слушајќи го Тарантино“ – звуци од филмовите на големиот режисер

Снимателот и монтажер Jacob T. Sweeney во својот последен проект изразува почит кон еден од најголемите режисери на нашето време, Quentin Tarantino. Во оваа секвенца од минута и пол, Sweeney издвоил многу куси исечоци од филмовите на Tarantino, во кои нагласокот е ставен врз звучните ефекти, кои во филмовите на големиот мајстор имаат подеднаква важност како и визуелното. Користени се исечоци од филмовите:

Reservoir Dogs (1992), Pulp Fiction (1994), Kill Bill: Vol. 1 (2003), Kill Bill: Vol. 2 (2004), Death Proof (2007), Inglourious Basterds (2009) и Django Unchained (2012).