[Видео] „Сложувачка“ – документарен филм за македонската хип хоп сцена

„’Сложувалка’ не е класичен хип хоп документарец. Тоа е 38-минутен колаж од ставови, искуства и идеи на личности од македонскиот хип хоп. Во него не се документира историјата на оваа култура, туку се поставуваат прашања и се отвара дискусија за нејзината сегашност, притоа споредувајќи ја со сложувалките кај кои пристигнувањето до целосната слика е процес кој бара трпеливост, интелигенција и креативност“.

Вака, организаторите на овој проект го опишуваат новиот документарен филм кој зборува за македонската хип хоп сцена, а кој неодамна беше промовиран во кино Фросина, во Младинскиот културен центар.

Документарниот филм ги опфаќа ставовите на повеќе уметници од овој музички жанр, меѓу кои: Ицко и ВиЏи (Чиста Околина), Тец (Most Wanted/Ошав Прод.), ДЈ Гоце (САФ), Профо и Човекот Екс (Клан Исток), Против Сите, Хром (графити), Тигаз (ДНС), Тони Зен, GreenOut, Пука Козметика, Брус, Слаткаристика, Џоџо (Стрес), Жиле и Вали, Огнен (битбокс), Зад Аголот, Титаниум, Токсиколози, Авторизација, Дивизија.