[Видео] Скулптура од опашка на кит спречи поголема несреќа со воз во Холандија

Бизарна несреќа, за среќа без жртви, се случи вчера во холандскиот град Спејкенисе, кога очигледно откажаа сопирачките на воз од метрото, пренесува српски „Н1“. Откако ја проби заштитната ограда на подигнатата платформа, возот остана да виси на опашката од скулптура на кит која е поставен во близина, наместо да падне во водата, во висина од 10 метри.

„Ова е како сцена од холивудски филм. Фала му на Бога што опашката беше таму“, рече портпаролото на полицијата за областа на Ротердам.

Во моментот на инцидентот, во возот се наоѓал само возачот кој поминал без повреди. Нема индикации дека возачот направил грешка, но експертите истражуваат како безбедносните системи дизајнирани да го запрат возот откажале.