[Видео] Сите говори од 17-тата ораторска вечер „Иво Пухан“

Дванаесет финалисти од Правниот, Медицинскиот, Економскиот и од Факултетот за односи со јавноста се натпреваруваа во финалето на 17-тата ораторска вечер „Иво Пухан“, која завчера, традиционално се одржа во свечениот амфитеатар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Првата награда ја доби Златко Јакимовски, втората Марија Димишкова, а третата Катерина Антовска.

Победникот на годинашната ораторска вечер „Иво Пухан“, Златко Јакимовски

Победникот на годинашната ораторска вечер „Иво Пухан“, Златко Јакимовски

Годинава за првпат беше воведена и наградата Бранко Ѓорчев, во чест на актерот кој 12 години беше дел од тимот кој работеше со говорниците на оваа манифестација и се дал непроценлив придонес во развивањето на истата. Наградата ја доделува неговото семејство, а оваа година ја доби Марија Димишкова.

Погледнете ги сите настапи на младите оратори:

Извор