[Видео] Што се случува со Ромите на македонските гранични премини?

Институтот за европска политика – Скопје во соработка со НВО КХАМ Делчево, изработи видео во кое се претставени проблемите со кои се соочуваат Ромите кои сакаат да излезат од границите на Република Македонија.

Информативно-едукативното видео има цел да ја покрене свеста за дискриминација на Ромите и да се промени праксата на граничните власти.

Видеото е изработено во рамки на проектот „Справување со препреките за излез: Ромите на македонските граници“, поддржан од Тинк Тенк Фондот и Канцеларијата за ромски иницијативи при Фондацијата Отворено Општество.