[Видео] Што се човековите права?

Член 1 – Институт за глобална политика и право објави повеќе видеа посветени на човековото право.

Во нив, Елена Михајлова Стратилати од катедрата на меѓународно јавно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ дава одговор на прашањето: Што се човековите права, кој ги доделува, кој ги штити и кој најчесто ги прекршува?

Серијалот е составен од седум кратки видеа, во кои се зборува за различни аспекти на човековото право.

Член 1 – Институт за глобална политика и право е тинк-тенк организација која работи на полето на меѓународното право и меѓународните односи со фокус на Македонија и на балканскиот регион.

Нејзина цел е да придонесе за исполнување на целите поставени во Повелбата на ОН од член 1.

„Поконкретно, имаме намера да придонесеме за јавна дебата во Македонија во областите на меѓународната политика и право; да промовираме и развиваме нови креативни пристапи и политики во областа; да бараме транспарентност и вклученост на процесите на донесување одлуки во овие области и да обезбедиме експертиза што ќе им помогне на јавните институции во постигнувањето на стратешките приоритети на земјата“, стои во описот на организацијата.