[Видео] Што мислат младите од Тетово за дискриминацијата?

Членовите на Медиа арт клубот на Младински образовен форум Тетово изработија видео прилог во кој ги изразуваат своите ставови за прашањето – што мислат младите тетовци за дискриминацијата.

[Видео] Што мислат младите од Тетово за дискриминацијата?

Членовите испишаа транспаренти со пораки дека тоа преставува омраза, непочитување, нетолеранција и кршење на основните човекови права и слободи непочитување на различните етнички групи. Ваквите пораки беа залепени во центарот на Тетово, со цел да се подигне јавната свест и да се препознае дискриминацијата.

Видео прилогот е изработен од страна на Медиа арт клубот Тетово, а камерата и монтажата се дело на Глигор Кондовски.