[Видео] Што е (а што не е) истражувачко новинарство

Новинарско истражување не е сѐ што сјае! Истражувањето е повеќе од ексклузивна информација и од полициски брифинг, а не е ниту смела папараци-снимка, велат од БИРН, кои објавија видео анимација за тоа што е (а што не е) истражувачко новинарство.

Анимацијата е изработена во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ што го спроведува Центарот за граѓански комуникаци, во партнерство со БИРН и со НВО инфо центар поддржан од Европската Унија.