[Видео] Шаолин монасите од Водно

[Видео] Шаолин монасите од Водно

Само што се опуштивме и помислевме дека боречките вештини (и филмовите на таа тема) излегоа од мода, стигнува демант. Група почитувачи на источните традиции живее и твори во Скопје, „директно од најмистериозните длабочини на планината Водно“. Посветената екипа, чии членови се претставуваат како „Шаолин монкови“, во овој 15-минутен филм ги претставува своите секојдневни активности, а има и сугестии за тренинг и физичка активност. Од видеото може да се научи и за петте Шаолин команди, како: „Не лажи“ , „Не се загревај цел ден“ и „Не вежбај за на плажа“.