[Видео] Секојдневниот живот на дете со аутизам

Националната заедница на аутисти на Велика Британија создаде видео, чија цел е да покаже колку е тешко за едно дете со аутизам да ги доживува нештата во заедница во која луѓето без аутизам лесно се снаоѓаат.

Лицата со аутизам имаат преголема перцепција на сите сетила, и поради тоа и обична прошетка низ трговски центар може да биде премногу, како што покажува видеото.

Светлата се заслепувачки, звуците прегласни, а сликите страшни, а момчето се труди да ги процесира сите тие информации од неговите сетила.

„Не сум палав – аутистичен сум“, е пораката која хуманитарната организација ја испраќа преку кампањата, за да им помогне на луѓето да го разберат аутизмот.

Извор: Mashable