[Видео] „Сцена без (с)цена“ – краток експериментален филм за уметничка инсталација  

Краткиот експериментален филм „Сцена без (с)цена“, снимен за истоимената уметничка инсталација, вчера имаше онлајн премиера.

Како што соопшти Иницијативата за независен креативен активизам ИНКА, инсталацијата е реализирана од ликовните уметници Филип Велковски, Горан Ристовски и Доротеј Нешовски во периодот од 12 до 15 август 2020 година, како дел од интердисциплинараната програма на „Раздримување 2020“.

Автори на краткиот филм се Ана Алексовска и Владимир Димоски. Во филмот е користен музика од Cucina Povera „Elektra“ (Hilja LP, Night School 2018).