[Видео] Сандерс ги предвиде Документите од Панама во 2011 година

Сенаторот Берни Сандерс на 12 октомври 2011 се спротивставил на потпишувањето на договор за слободна трговија меѓу Панама и Соединетите Американски Држави, на седница на Сенатот.

„Во 2008, Владината канцеларија за одговорност кажа дека 17 од стоте најголеми американски компании оперираат вкупно 42 подружници во Панама. Овој договор за слободна трговија ќе направи да биде полесно за богатите и огромни корпорации да одбегнат плаќање на данок во САД и мора да биде спречен“, изјавил тогаш Сандерс, кој во моментов се бори за претседателска кандидатура од Демократската партија.

„Во време кога имаме рекорден национален долг од 14,7 трилиони и неодржлив федерален дефицит, последното нешто што ни е потребно е да направиме да им биде полесно на најбогатите луѓе и најпрофитабилните корпорации во оваа земја да избегнуваат да го платат својот дел, преку отворање на офшор даночни раеви во Панама“, додава.