[Видео] „Само за деца“ – креативни билборди против злоупотреба

[Видео] „Само за деца“ - креативни билборди против злоупотреба

Шпанската фондација „Помош за деца и адолесценти во ризик“ (ANAR) започна кампања против злоупотребата на децата, со  посебни билборди со порака која можат да ја видат само жртвите на насилство и злоупотреба. Благодарејќи на специјалните материјали, билбордот испраќа различни пораки кога се гледа од различни агли. Покрај сликата на дете, возрасните, од своја висина можат да прочитаат: „Понекогаш,само детето ја гледа злоупотребата од која страда“. Но, кога билбордот се гледа од висина на дете, на лицето на сликата се појавуваат модринки, а пораката е поинаква: „Ако некој те повредува, јави се и ќе ти помогнеме“, заедно со телефонски број на фондацијата.