[Видео] Саем за волонтери на 6 мај во Скопје

На 6 мај (вторник) во Универзитетската библиотека од 15:00 до 19:00 часот ќе се одржи Саемот за волонтери, најави Американската амбасада во Скопје.

[Видео] Саем за волонтери на 6 мај во Скопје

Идејата на овој саем е посетителите да добијат можност да научат за волонтерството и да најдат организации во кои би можеле да волонтираат во активности кои им се привлечни.

Повеќе информации за саемот може да се најдат на Фејсбук фан страната на амбасадата, како и да се погледнат видеата во продолжение во кои се раскажува за искуствата на неколку млади волонтери.