[Видео] Руската национална гарда помага на патки да поминат улица

Руската национална гарда и локалци од Москва запреа сообраќај на улица за да можат семејство патки безбедно да го поминат својот пат.

На видеотото што го објавија агенциите Ројтерс и Руптли, патките се обидуваат да ја поминат Ленинската авенија во јужниот дел од рускиот главен град.

Како што патките застанаа на улицата, возило на гардата Росгвардиа застанува пред нив, па заедно со локалците ги придружуваат птиците кои се упатуваат накај паркот Нескучни до реката.