[Видео] Ромите во пристапот до здравство

Ромската организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. е волонтерска невладина организација чии активности, базирани на основните принципи на солидарност, правичност, човечко достоинство и еднаквост во правата, генерално се фокусирани кон ранливите и маргинализираните групи.

По повод шестгодишната активна работа, здружението издаде видео материјал, насловен како „Твоето здравје, твоја грижа, твое човеково право“. Во чест на 8. Април, Светскиот ден на Ромите, НОВА премиерно го емитуваше промотивниот филм на РОМА С.О.С.