[Видео]Роботите повторно доаѓаат во Скопје

Со Флеш моб организиран од студентски невладини и непрофитни организации ЕЕСТЕК ЛК Скопје, IEEE SBM и СПФЕИТ, а во соработка со танчерското студио Аква беше најавено претстојното, петто издание на Робомак.

[Видео]Роботите повторно доаѓаат во Скопје

Во трговскиот центар Capitol Mall, се појавија танчери кои се движеа и играа како роботи и да играат, делеа новогодишни честитки на студентите и ги потсетија дека во март ќе се одржи РобоМак 2014, меѓународен натпревар за роботика, програмирање и вештачка интелигенција.

[Видео]Роботите повторно доаѓаат во Скопје

„Преку овој настан им се овозможува на студентите да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во роботиката и вештачка интелигенција, исто така им се овозможува и практично да ги применат програмерските знаења. Овој настан ја буди свеста за вештачката интелигенција која се повеќе наоѓа примена во секојдневието, ги поттикнува младите даразмислуваат на овие теми, но и ја анимира пошироката јавност“, посочуваат организаторите на настанот.

Во продолжение, еве како изгледаше најавата за Робомак 2014.