[Видео] Роботи за поддршка на децата и персоналот на клиника во Виена

Детската клиника Флоридсдорф во Виена неодамна доби три роботи наречени „Ејми“ кои се опремени со 5Г технологија. Мерење температура, пружање информации за коронавирусот и зошто е важно да се држи физичката дистанца, се само некои од функциите со кои располагаат роботите, пренесува српски „Данас“.

„Роботите ќе ги забавуваат децата додека чекаат во клиниката, а истовремено ќе им бидат поддршка на медицинскиот тим“, изјави градоначалникот на Виена Михаел Лудвиг.

https://www.facebook.com/110971788921077/videos/227516021934277/

Тие се програмирани за потребите на детската клиника, но во иднина можат да се програмираат и за други задачи, како што е домашна помош за лицата со инвалидитет. Роботите во здравствениот систем во Виена не се ништо ново.

„Наскоро ќе почнат да се користат сложени роботи во хирургијата, што ќе ја зголеми прецизноста за време на операциите“, рече Петер Хакер, член на здравствениот совет на градот.

Клиниката Флоридсдорф во Виена е високо дигитализирана. Болницата располага со 3.000 медицински уреди кои се приклучени на мрежата, 900 рутери за безжичен интеернет и над 24.000 пристапни точки за информатичко-комуникациски технологии.